КОШАРКАСПОРТ

Hов дебакл на Вориорс, Сијакам го победи Њујорк

Лош натпревар одиграа актуелните шампиони Голден Стејт вориорс. Во Бруклин, Нетс славеа со 143:113. Вориорс имаат големи проблеми со повредени играчи, во отсуство на најдобрите се истакна Џејмс Вајсман. Кевин Дурант ги предводеше Нетси со 22 поени.

Торонто благодарение на Паскал Сијакам ја прекина низата од пет порази. Репторс победија во Њујорк со 113:106. Сијакам погоди 17 од 25 удари од поле и постигна 52 поени. Покрај тоа, имаше и девет скока, седум асистенции и една освоена и една загубена топка.

Чикаго Булс, во Атланта имаа предност од 18 поени која ја испуштиј а во последниот период, но на крајот славеа со звукот на сирената 110:108. ДеМар Дерозан го промаши целиот кош, а потоа до топката дојде Ајо Досунму, кој погоди за победа./макfax/

Резултати:

Кливленд Кавалирс – Милвоки Бакс 114:106

Филаделфија Сиксерс – Детроит Пистонс 113:93

Бостон Селтикс – Индијана Пејсерс 112:117

Хјустон – Орландо Меџик 110:116

Минесота Тимбервулфс – Далас Маверикс 99:104

Оклахома Тандер – Портланд Блејзерс 101:98

Сакраменто Кингс – ЛА Лејкерс 134:120

ЛА Клиперс – Шарлот Хорнетс 126:105

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button