ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Христијан Мицкоски најави ново гласање за доверба на Владата

За гласањето во Парламентот на фејсбук реагираше Христијан Мицкоски, кој е инаку во изолација бидејќи е болен од коронавирус. Тој наведе дека фактот оти гласањето беше спроведено без можност за дебата е доказ за слабоста на Заев и во недовербата во мнозинството. „Вака Заев ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза, тие денови ќе поминат. Тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода и ден потоа Заев нема да биде премиер,“ напиша Мицкоски во својата реакција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button