РЕГИОН

Хрватска подготвена за воведување на еврото од 1 јануари 2023 година

Хрватска подготвена за воведување на еврото од 1 јануари 2023 година

Хрватска е подготвена за воведување на еврото на 1 јануари 2023 година, заклучи Европската комисија во најновиот извештај.

Оценката на Европската комисија е комплементарна на извештајот за конвергенција на Европската централна банка, кој исто така беше објавен денеска.

Извршниот потпретседател на Комисијата за економија, Валдис Домбровскис, во разговор за хрватските медиуми во пресрет на пристигнувањето во Загреб,истакна дека ова е историско достигнување за Хрватска, една деценија по нејзиниот влез во Европската унија, пишува „Н1 Загреб“.

Домбровскис смета дека хрватските граѓани не мора да се плашат од еврото, а хрватската влада се обврза да обезбеди конверзијата да биде правична во однос на цените за граѓаните. Иако вестите за влез во еврозоната доаѓаат во време на криза и висока инфлација, Домбровскис одговара дека еврото ќе помогне да се одржи стабилноста на цените. Инфлацијата беше предизвикана од фактори кои не дојдоа од еврозоната, туку од последиците од пандемијата и војната во Украина – високите цени на енергијата и зголемувањето на цените на храната.

„Хрватска направи извонреден чекор кон усвојувањето на еврото на 1 јануари. Ова ќе ја зајакне хрватската економија, ќе донесе придобивки за граѓаните, претприемачите и општеството. Ова ќе го зајакне самото евро, кое е една од најсилните валути во светот. Тој е симбол на сила и единство“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button