ВЕСТИРЕГИОН

Хрватска влезе во Шенген: Се укинуваат 73 гранични премини

По укинувањето на граничните премини, полициските службеници ќе можат повеќе да одат во мобилни патроли и да покриваат поголем дел од територијата. Првиот човек на Граничната управа Зоран Ничено не смета дека ќе има поголем притисок од мигрантите сега кога Хрватска е дел од Шенген

Влезот на Хрватска во Шенген носи многу промени, меѓу кои и укинувањето на граничните премини.

Шефот на полицијата Никола Милина за РТЛ изјави дека со влезот на Хрватска во Шенген, Република Хрватска ја презема контролата на шенгенската граница, а не на надворешната граница на ЕУ како што беше досега.

„Ја преземаме контролата за целата Европска Унија, за Шенген зоната, контролите што се вршат на внатрешните граници се укинуваат“, вели тој.

Тој вели дека нема да има контроли како досега за Словенија и Унгарија, а ќе се укинат 73 гранични премини. Запрашан за внатрешните контроли, Милина вели дека има можности земјата да воспостави внатрешни контроли во одреден период, односно за посебни услови, закани по безбедноста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button