ВЕСТИРЕГИОН

Хрватскиот претседател Милановиќ во дводневна посета на Косово

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Косово, каде што ќе се сретне со челниците на косовската држава, како и со претставници на КФОР и со хрватскиот контингент во рамките на таа мисија. Според агендата на посетата, Милановиќ ќе биде пречекан со државни почести од неговата косовска колешка, Вјоса Османи, по што двајцата претседатели ќе имаат тет-а-тет средба, а подоцна ќе се одржи и церемонија на садење на дрвја на пријателството во дворот на Собранието на Косово. Во текот на првиот ден на посетата хрватскиот претседател ќе се сретне и со претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button