ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Зелената агенда станува дел од ДУИ

На денот на 19. роденден на Демократската унија за интеграција, претседателот Али Ахмети соопшти дека зелената агенда станува дел од нивната партија.

– На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ, рече Ахмети.

Во неговиот говор, Ахмети спомена и неколку проекти и активности кои, според него, ДУИ ги има реализирано во текот на неговото постоење.

– Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други предности на нашите граѓани, рече тој

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button