РЕГИОНСВЕТ

Конгресмените со писмо до Бајден: Србија го дестабилизира Западен Балкан со корупција

Шестмина американски конгресмени испратија писмо до претседателот Џо Бајден во кое бараат интензивирање на дипломатската акција против Србија преку која сметаат дека ќе ги подобри односите со земјите од Западен Балкан, вклучително и Косово. Конгресмените бараат конкретен чекор од претседателот Бајден.

„Ве повикуваме да размислите за користење на Извршната наредба 14.033 за блокирање имот и спречување на луѓе да влезат во Соединетите држави кои придонесуваат за дестабилизација на ситуацијата во Западен Балкан. Вистинската работа би била да се зголеми барањето за поголема транспарентност и одговорност од српската влада во почитувањето на демократијата, човековите права и владеењето на правото“, се вели во писмото.

Во ова писмо конгресмените наведуваат и загриженост за корупцијата во Србија.

„За жал за народот на Србија, извештаите покажуваат дека претседателот Вучиќ ја продлабочи корупцијата во Србија користејќи ја кризата „Ковид19“ како оправдување за трошење и набавка на алатки и опрема за интубација преку полулегални канали “, се нагласува во Писмото од конгресмените.

Во своето писмо, конгресмените побараа од Бајден да побара од Владата на Србија одржување на парламентарни и претседателски избори со највисок стандард. Конгресмените напишаа и дека слободата на медиумите во Србија е на ниско ниво.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button