ПОСЛЕДНИСВЕТ

Хуманитарно примирје во Нагорно Карабах

Хуманитарен прекин на огнот стапи на сила во борбите меѓу Ерменија и Азербејџан околу отцепениот регион Нагорно Карабах. Иако борбите продолжија на 25 октомври, во заедничката изјава на американскиот Стејт департмент и двете влади се вели дека двете страни се залагаат за прекин на огнот – трет обид да се воспостави пауза во непријателствата по четири недели борби.

До ова дојде откако државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на 23 октомври се состана со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан во Вашингтон во нов притисок за мир, и по состанокот на копретседателите на групата од Минск на Организацијата за безбедност и Соработка во Европа (ОБСЕ), формирана за посредување на конфликтот, предводена од Франција, Русија и Соединетите држави. Претседателот на САД, Доналд Трамп, коментирајќи го договорот на Твитер напиша дека прекинот на огнот ќе спаси многу животи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button