ВЕСТИРЕГИОН

И БСП не успеа да состави влада: Бугарија ќе оди на нови парламентарни избори, петти во две години

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова го врати неисполнет третиот мандат за формирање влада, точно една недела откако и беше доверен од бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат тамошните медиуми.

По пропаѓањето и на третиот обид за формирање влада во Бугарија од страна на социјалистите, веќе е извесно дека земјата ќе оди на нови предвремени избори – петти во последните две години.

Нинова, враќајќи го мандот на Радев рече дека направиле се што е потребно за да го исполнат, а меѓу приоритетите на маса во преговорите со евентуалните коалициски партнери биле влезот на земјата во Шенген, буџетот за 2023 година и реформи во правосудството.

„Ги поканивме сите страни на разговор. Стана јасно дека нема договор и мнозинство за формирање на редовен кабинет, затоа го враќам третиот мандат“, рече Нинова, пренесува новинската агенција БГНЕС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button