ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И дигиталното насилство е насилство, 40% жени – жртви

И дигиталното насилство е насилство, 40% жени – жртви

И дигиталното насилство е насилство, а платформите на друштвените медиуми стануваат места на злостор. Жените и девојките, малцинствата и маргинализираните се најранливи на онлајн злоупотреби на нивните фотографии. Ова беше кажано на регионалниот форум организиран од Фондот за население на Обединетите нации, УНФПА, на кој беше посочено дека 85% од жените сведочеле на онлајн насилство, додека 40% биле жртвии на интернет насилство.

„Сметам дека треба секој од нас преку алатките кои ги имаме на располагање да бидеме поддршка за кампањата на правото на сопственото тело, „бодирајт“, која има за цел преземање на дејствија за запирање на насилството врз жените и девјоките во виртуелните простори“, нагласи Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски.

„Некаде денеска во овој момент некоја девојка е предмет на онлајн вознемирување. Некаде денеска во овој момент фотографија на млада жена се спогоделува во хибер просторот без нејзно согласност. Некаде во овој момент сега некоја жена е предмет на онлајн малтретирање што предизвикува психолошки, емоционални и физички нарушувања“, рече Артур Еркен, УНФПА.

„За жал, сведоци сме и кај нас преку социјалните мрежи колку често се шири говорот на омраза и сексизмот кон жените и девојките. Жените и девојките се цел на навреда, а нивните слики и видеа се подложни на понижувачки сексуални дејствија без согласност од жените и девојките. Токму затоа наша заедничка обврска е да се бориме против ваквото кршење на човековите права на жените“, изјави Јованка Tренчевска, министерка за труд и социјална политика./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button