ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И ЕУ ќе стои настрана од кавгата Русковска – Муареми

И ЕУ ќе стои настрана од кавгата Русковска - Муареми

ЕУ следи, но нема да се меша во конфликтот меѓу шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми. Од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, исто како и американската амбасада вчера, соопштија дека проблемот треба да го решат домашните институции.

„Владеењето на правото е меѓу највисоките приоритети за Европската Унија. Тоа е суштински дел од следниот преговарачки кластер за фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен за време на преговорите со ЕУ. العاب تربح مال حقيقي Важечките закони ги дефинираат надлежностите на националните власти, начините и соработката меѓу нив кои мора да се почитуваат. بوكر اون لاين Ова прашање треба да го решат надлежните органи“, велат од Амбасада на ЕУ во Скопје.

Одговорот на ЕУ доаѓа два дена откако обвинителката ги повика САД, ЕУ и други странски институции, да помогнат при притисокот од Муареми. Муареми пак, пред новинарите најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителите кои влегле во неговиот кабинет бидејќи тврди дека имало неправилности и прекршувања во текот на постапката. Во канцелариите на Финансиската полиција обвинителството упадна по пријави од граѓани за евентуални кривични дела.

Против Русковска излезе и Здружението на јавни обвинители. العب بلاك جاك اون لاين Според нив, Русковска им го нарушила имиџот и етичкиот кодекс. Неправилности при претресот на Русковска пријави и Основното јавно обвинителство.

Случајот не поминува ни без политички коментари. Според ВМРО-ДПМНЕ и Русковска и Муареми во континуитет го кршат законот и се блиски со СДСМ./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button