СВЕТ

И Јапонија регистрира случај на заразен со омикрон

Во Јапонија е потврден првиот случај на зараза со сојот омикрон на коронавирусот, откриен кај турист кој неодамна допатувал од Намибија.

Секретарот на јапонската влада Хироказ Матсуно изјави дека пациентот има околу 30 години. Тој на 28 ноември е тестиран на аеродром и по позитивниот резултат е изолиран и редовно прима терапија.

Кај него со вчерашната анализа е утврдено дека е заразен со сојот омикрон, за кого Светска здравствена организација предупреди дека е високоризичен. Омикрон првпат е откриен во лабораторија во Јужна Африка.

Јапонија вчера превентивно ги затвори границите за странците со цел да се спречи ширењето на новиот сој омикрон, кој според експертите може да биде опасен и за вакцинираните лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button