ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И покрај протерувањето на дипломат na Северна Македонија од амбасадата во Москва, властите во земјава велат дека и понатаму се заинтересирани за градење на добри билатерални односи

По протерувањето на македонскиот дипломат од Москва, од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, велат дека претседателот жали за ваквата одлука на Руската Федерација. Тие исто така велат дека земјата останува заинтересирана за соработка со Москва.

„Претседателот Стево Пендаровски изразува жалење за одлуката за протерување на македонскиот дипломат од Москва. Република Северна Македонија останува заинтересирана за градење билатерални односи со Руската Федерација врз основа на еднаквост и взаемно почитување. Кабинетот на претседателот Пендаровски немал контакт со Руската амбасада во Република Северна Македонија“.

Владата очекува двете земји да ја надминат дипломатската состојба создадена во последните неколку недели.

„Случајот со протерувањето на дипломатот од Северна Македонија од Москва го сметаме за политички-дипломатски инцидент. Со нетрпение очекуваме да го надминеме во духот на добрите и традиционални односи меѓу двете земји “.

Од друга страна, аналитичарите велат дека секоја држава има право да ги прогласи странските дипломати за персона нон грата. Поранешниот амбасадор Васко Наумовски вели дека ваквите активности не придонесуваат за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји.

Откако во мај, Министерството за надворешни работи на нашата земја прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада, вчера реагираше руската Влада, и протера дипломат на амбасадата на Северна Македонија во Москва.

Mefail Isamili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button