ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И покрај тоа што мора да сообраќаaт со половина капацитет, некои автобуски линии за јавен превоз во Скопје се полнат два до три пати повеќе од капацитетот

“Ова е автобуската станица во близина на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ каде поминува автобусот со број 9, а исто така и оној со број 19. Тука има околу 40 или 50 ученици кои чекаат да се качат или да ги користат овие автобуски линии.”

Според протоколите, јавниот превоз треба да работи со половина капацитет, но на терен јасно се забележува дека на некои линии ова не се почитува. Една од главните причини за гужвите во автобусите е фактот дека јавниот превоз се уште работи според летниот распоред. Значи, поретко има автобуси.

Дали има гужва во автобусите?

Ученик: Многу, многу. Еве, погледнете.

Во кое време има повеќе?

Ученик:  Сега кога одиме на училиште. Наутро и сега, попладне од еден и пол часот.

Кога се враќаме во 7 и 30 часот. И  тогаш има гужва. Повеќе има од училиштето во тоа време.

Револтирана, оваа стара жена вели дека треба почесто да има автобуси бидејќи се плаши за нејзиното здравје.

Катастрофа што трпиме. Во автобусот нема ред. Не знам што прават, што мислат вака, не знам. Овие на училиште, ние сме болни, одиме на лекар. Нема автобуси по ред.

Младите гледаат на носењето маска како на тема за забава и ја користат за шеги.

-Новинар: Не ви изгледа сериозно носењето маска?

Ученик:  Да, ја носиме.

– Новинарка: да, сега да, видовме дека ја ставивте.

– Ученичка: Да ја ставам и јас сега.

Кога пристигна автобусот на линијата број 19 и неколку минути по него број 9 сите се упатија кон влезот. Штом нашата екипа се качи во автобусот, возачот почна да го изразува својот револт поради фактот што се прави голема гужва на оваа линија.

„Го оставиле летниот систем и се создава исклучително голема гужва. Немаат каде да влегуваат луѓето. Имаме голем проблем. Тука се создаваат жаришта. Премногу, премногу гужва, немам зборови. “10 Сега веројатно ќе има 100 луѓе во автобусот”

Ленин Јовановски, директор на Здружението на приватни автобуси „Слободно возење“ вели дека вистинското решение не би било враќање на редовниот режим, туку зголемување на бројот на автобуси во најпрометните периоди и линии.

Од претпријатието за јавен сообраќај велат дека во понеделник се враќа редовниот режим.

Во однос на почитувањето на мерките, од ЈСП велат дека немаат ингеренции да ги санкционираат и контролираат граѓаните дали носат маски или не. Тие додаваат дека во многу случаи учениците се недисциплинирани и не носат маски. Затоа,  апелираат до нив, да се грижат за сопственото и за здравјето на останатите граѓани.

Подготви: Еви Шкопи

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button