ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И покрај тоа што веќе почнаа да користат остра реторика, партиите ветуваат дека ќе водат позитивна кампања за локалните избори

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ветуваат позитивна кампања за локалните избори на 17 – ти октомври. Македонскиот опозициски лидер Христијан Мицкоски рече дека и покрај тоа што кандидатите на СДСМ се сомнителни и имаат повеќе функции, ВМРО ДПМНЕ ќе ја фокусира својата кампања на промовирање на своите кандидати.

СДСМ вели дека во изминатите изборни циклуси докажа дека води позитивна кампања. Ја обвинија ВМРО ДПМНЕ дека постојано се занимава со темна кампања.

СДСМ објави 69 кандидати за градоначалници, а велат дека во вкупно 80 општини ќе учествуваат со листи за советници. ВМРО ДПМНЕ објави 55 кандидатури, а до крајот на неделава велат дека ќе ги официјализираат останатите. Кандидатурите за градоначалници ги објави и ДУИ, а ќе бидат официјализирани за неколку дена. Дел од кандидатурите се очекува да бидат официјализирани и од опозицијата од редовите на Албанците.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button