И Тошковски тврди дека ДУИ подготвува дестабилизација на државата – не открива детали
И Тошковски тврди дека ДУИ подготвува дестабилизација на државата – не открива детали
„Нормално дека ќе бидат вознемирени, нормално дека ќе гледаат да реагираат. Сето тоа би било нормално доколку го прават во рамки на едни демократски механизми, во делот на протести. Но, не е нормално доколку нивната крајна цел е токму дестабилизација на државата“, вели министерот за внатрешни работи
И министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тврди дека ова раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе наесен може да преземе чекори за дестабилизација на државата, онака како што вчера соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
Тошковски во гостување на ТВ Канал 5 рече дека граѓаните не треба да бидат загрижени за безбедносната состојба во Македонија оти Министерството за внатрешни работи (МВР) и останатите надлежни институции ќе одговорат соодветно во рамки на законските надлежности.
„Точно е дека постојат информации кои се во насока на тоа што го говори премиерот. Јавноста треба да биде запознаена со сите факти што се во нејзин интерес, а ова е едно од тие прашања“, рече тој.