ВЕСТИКлиматски ПромениМАКЕДОНИЈА

И во новата година стариот проблем, екстремната аерозагаденост во земјава

И во новата година стариот проблем, екстремната аерозагаденост во земјава

Скопје денеска повторно се најде меѓу десетте најзагадени градови во светот, со висок индекс на загаденост од 176 според најновите податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „I-Q-Air“. Концентрацијата на ПМ 2,5 честичките во главниот град моментално е 18 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Воздухот во Скопје се смета за штетен по здравјето и се препорачува да се избегнува физичка активност во природа, да се носи заштитна маска надвор и да не се проветрува домот.

Највисоко ниво на загаденост има во Центар 201, Кисела Вода 189, Ново Лисиче 186 и Карпош 4 со 183. Најзагаден град во светот во моментов е Лахоре во Пакистан. Зад неа на листата е главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, а на третото место Делхи, Индија.

Покрај аерозагадувањето, викендов краток студен бран ќе ја зафати и Северна Македонија. Од Управата предупредуваат на дожд, особено во сабота кога се очекува да достигне 20 литри на метар квадратен. Постудено се очекува во недела наутро каде температурата ќе се движи од -8 до -2 Целзиусови степени. Температурата во текот на денот ќе се движи од 3 до 9 степени.

Дополнително, синоптичарите за понеделник предупредуваат на појава на магла по котлините, која ќе биде придружена со пониски температури. Во меѓувреме, во планинските земји ќе има сончево време и температури кои ќе достигнат до 13 степени.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button