ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И во Тетово протести против случувањата во образованието

И во Тетово, родители и нивните деца протестираа пред општината. Тие рекоа дека не се против реформите во образованието, но сметаат дека укинувањето на учебниците и нивната дигитализација ќе им наштети на децата. Демонстрантите побараа од министерката за образование да не експериментира со учениците. Родителите исто така побараа од неа на следните состаноци за реформи во образованието да бидат вклучени и тие, односно граѓанскиот сектор за навремено да се интервенира при евентуални пропусти.

„Нашето главно барање како родители е против целосната дигитализација на учебниците. Не сме против дигитализацијата затоа што сме свесни за ерата во која живееме, но ваквиот закон донесен набрзина и без анализа, ние сме против тоа. Ние сме против експериментирање со нашите деца и воопшто со воспитно-образовниот процес.“

„Ние сме категорично против ваквиот систем наметнат од централната власт. Ние не сме против реформите, свесни сме дека реформите носат напредок, но во овој случај, како што изгледа, можеме систематски да зборуваме за регресија која се зголемува од ден на ден и очигледно е дека во одредени земји и региони има суштински проблеми што се појавуваат поради недостиг на правилно конструиран систем.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button