ЗДРАВСТВО

Иако најавена денеска не започна вакцинацијата на неподвижни лица во нивните домови

Иако беше најавено дека вакцинирањето на неподвижни лица во нивните домови ќе започне денеска, тоа не се случи, барем во Скопје. Телефонската линија пуштена за главниот град не функционираше во период од два часа, каде што граѓаните требаше да се јавуваат за да повикаат мобилни тимови за вакцинација. Здравствените власти велат дека вакцинирањето на граѓаните во нивните домови ќе започне утре, без да дадат објаснувања зошто не започнало денеска. Но, слична форма на имунизација се практикува на местата за вакцинација, вели д-р Младеновска.

Од Министерството за здравство не објаснуваат зошто вакцинирањето на неподвижните лица во нивните домови е одложено за еден ден. Во меѓувреме, на местата за вакцинација, постојано има интерес од граѓаните да земаат дози против ковид.

Од друга страна, Институтот за јавно здравје во рок од 24 часа идентификуваше 10 нови случаи од извршени 2.473 тестови. 16 пациенти биле излечени, додека двајца пациенти на возраст од 62 и 67 години ја изгубиле битката со Ковид-19.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button