ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Идентификувани лицата поврзани со палењето на бугарското знаме

Четири лица досега се повикани во полиција, поради случувањата во Вевчани и вевчанскиот карневал. Тројца од нив биле идентификувани како учесници во палењето на знамето на Бугарија. Против нив МВР ќе поднесе кривични пријави.

 

МВР:

„Три лица се идентификувани и повикани на информативен разговор, а кои се поврзани со палењето на знамето на Република Бугарија. Во координација со Јавен обвинител, ќе им биде поднесена кривична пријава по член 181, за повреда на угледот на странска држава.Таквата кривична пријава повлекува парична казна или казна затвор до три години.Во моментот се работи на документирање  на случајот со цел поднесување на пријавата“.

На четири часовен распит во полициската станица во Струга, бил и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Вевчани, Ѓорѓи Влајникоски. Добил три прекршочни и една кривична пријава, за загрозување на здравјето на граѓаните за време на епидемија, за омаловажување и навреди на  полициски службеник, за неовластено снимање и за неносење на маска. .

„Јас ќе се борам институционално и не се предавам. Не се плашам бидејки сум невин. И сето тоа го сметам за политички прогон врз мене. Не би рекол дека  тоа е бугарско знаме.Тоа е импровизирано василичарско знаме, направено од крпи.И не го сметам за навреда. Не верувам дека палењето на знамето било да се предизвика некаква непријатност или нетрпеливост кон Бугарија“, рече Ѓорѓи Влајникоски-претседател на ВМРО ДПМНЕ-Вевчани.

Инаку Влајникоски, дваесеттина минути беше приведен во полициско комбе и за време на главното карневалско дефиле на 13 јануари, кога полицијата го растури карневалот, поради групирање на маскираните на едно место.Бил исконтактиран и од страна на ОБСЕ. Инаку за случувањата во Вевчани и палењето на бугарското знаме, осуда стигна од повеќе страни како од Македонија така и од Бугарија. Вевчанци пак го осудија зголеменото присуство на полицијата за време на карневалот.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button