ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Идризи за Алсат: Избрзано толкувањето на Минчев за Законот за јазиците

Идризи за Алсат: Избрзано толкувањето на Минчев за Законот за јазиците

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи во интервјуто за Алсат го нарекува избрзано и креативно толкувањето на министерот за администрација Горан Минчев за Законот за употреба на јазиците, кој вели дека албанскиот јазик во соопштенијата ќе да се користи по потреба и по барање. Според него, законот не е работа на желба, туку обврска.

„Значи не е дали сакаш или не, туку законот налага сите соопштенија, писма, меморандуми да бидат на два јазика. За секое соопштение. Дали господинот Минчев го прекрши законот? Мислам дека тоа е избрзана изјава“, рече Арсим Идризи, директор на Инспекторатот за примена на јазици.

Запрашан дали ќе покренат некаква иницијатива против Минчеви, Идризи вели дека за да се почне каков било увид мора да има некаква пријава од граѓаните.

„Што се вонредни инспекции? Тие доаѓаат од граѓански иницијативи, односно потребно е до Инспекторатот да ни дојде од физичкото лице, граѓанин дека во х установа или х функционер не се применува законот и во рок од 3 дена ние мора да преземе мерки за испраќање инспектори за да ја утврдат фактичката состојба колку и до каде е постапката. Без да го преземам овој чекор, не можам да кажам ништо за тоа како се спроведува или не“, нагласи Арсим Идризи, директор на Инспекторатот за употреба на јазици.
Според член 20 од Законот за инспекторатот за употреба на јазиците, инспекциските надзори можат да бидат редовни, вонредни и контролни. Во постапката при инспекцискиот надзор, согласно Законот за инспекторатот за јазиците, се применуваат одредбите и начелата од Законот за инспекциски надзор. Во овој случај, член 72 од Законот за инспекциски надзор му дава право на директорот да врши вонреден надзор по службена должност. Тоа значи дека има можност да прави инспекциски надзор во која било институција.
И покрај ова, Алсат достави пријва за Министерството за јавна администрација.
За непочитувањето на албанскиот јазик од страна на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи синоќа во интервјуто за Алсат рече дека не може да направи инспекција без да има иницијатива, после која Горан Минчев би добил пријава за непочитување на Законот за употреба на јазиците.
Пријавата се архивира од службите на Инспекторатот, а според законот, инспекторите мора да извршат ненајавен инспекциски надзор во Министерството за администрација најдоцна во рок од 10 работни дена од прифаќањето на иницијативата./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button