ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Детектирани нови варијанти на ковид во Македонија

Според анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на коронавирус, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од каде информираат дека податокот може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство. До сега потврдено беше само присуството на британската мутација на коронавирусот во земјата.

Од ИЈЗ засега не соопштија детали за кои мутации станува збор и кај колку пациенти биле откриени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button