ВЕСТИЗДРАВСТВО

ИЈЗ соопшти во кои градови грипот е најактивен

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2 569 нови случаи на грип, што е намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 проценти во споредба со последните 14 сезони. Најмногу заболени се пријавени во Скопје, а 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години.

Advertisements

Директорката на Институтот, Марија Андоновска, истакна дека најголем број на заболени се пријавени во Скопје – 515, Битола – 236 и Куманово – 203, Струмица 166, Гостивар 141, Тетово 137, Штип 137, Велес 135, Свети Николе 125, а во останатите градови бројот е под 100.

Возрасната дистрибуција покажува дека најмногу заболени се на возраст од 15 до 64 години – 1465 случаи.

-Во однос на возрасната дистрибуција 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години, 550 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 297 пријавени случаи кај деца на вораст од 0 до 4 години и 257 кај лица на возраст над 65 години, рече Андоновска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button