ВЕСТИРЕГИОН

Илхан Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го кочи развојот на ЕУ

„Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. كازينو البحرين Ние немаме место во овој простор на попречувачите, имаме место во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна. Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Северна Македонија треба да бидат дел од неа, вели во интервју за БНР Илхан Ќучук, европратеник од „Обнови ја Европа“, член на Комисијата за надворешни работи во ЕП и известувач за Северна Македонија.

Тој категорично истакна дека не ја поддржува идејата С Македонија и Албанија да бидат одвоени во преговарачкиот процес, бидејќи тоа дополнително ќе го искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија.

Доколку Бугарија усвои став за предлогот за PCM, политичкиот притисок повеќе нема да биде врз неа, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог, објасни Ќучук и додаде:

„Бугарија ќе има став, бидејќи не можеме две години да немаме заеднички став за ова прашање. Ќе биде многу непочитување кон ЕУ ако нашата земја не излезе со чист образ како гледа на ова прашање. كيفيه لعب البوكر Во предлогот има многу добри гаранции за решавање на тешките проблеми од минатото и за отворање на старите емотивни прашања, како и за правата на Бугарите“,

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button