СПОРТ

Или ќе се вакцинира, или Ѓоковиќ нема да игра на Австралијан опен?!

Тенискиот крал на Мелбурн, Новак Ѓоковиќ, нема да добие дозвола за настап на првиот грен-слем турнир во 2022 година, Австралијан опен, доколку не се вакцинира. Србинот во неколку наврати истакна дека не е „антиваксер“, но дека секој човек треба да има право на избор дали ќе се вакцинира или не.

Не само Ѓоковиќ, туку четворица од Топ 10 тенисерите на АТП листата, не се вакцинирани засега, и загрозено им е учеството на Отвореното првенство на Австралија во втората половина на јануари.

Властите од австралиската сојузна држава Викторија, во која се наоѓа градот Мелбурн, каде се играат тениските мечеви, донесе одлука дека секој спортист што ќе сака да игра на нивна територија, ќе мора да прими две дози од вакцина против коронавирус. Засега ова важи само за домашни спортисти кои веќе се таму, но постои можност да се воведе и за спортисти кои ќе дојдат од странство.

Ѓоковиќ има дури девет титули на Австралијан опен, и апсолутен рекордер е, а плус тоа, ако ја освои својата десетта, ќе стане и рекордер во историјата на машкиот тенис со 21 грен-слем трофеи.

Извор: Спорт Манија

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button