ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Илјадници пчели изумреа од прскање на овошките со пестициди

Втор пат за само две недели илјадници пчели биле труени од употреба на отрови за прскање на овошките. Изумрени се 30 кошници, а стотици килограми мед е неупотреблив поради отрвоите.

Постојат правила кои исто така се и напишани дека прскањето се прави во ноќниот период, или кога треба тоа да се направи во големи количини, се информираат пчеларите преку медиумите и ние ги затвораме пчелите. Над 80 проценти од кошниците се оштетени, околу 30 кошници. „Некои земјоделци се неодговорни и кога им текнува ги третираат овошките со отрови штетни за луѓето, но и смртоносни за пчелите – изјави Артан Скендери, пчелар.

Овој феномен во Полог се повторува се почесто. Пчеларот Мусаи вели дека одгледувачите на овошје и зеленчук треба да се придржуваат до распоредот за прскање, ноќе, а бараат да се спроведат контроли од Земјоделскиот инспекторат.

Апелирам државата да функционира што е можно повеќе. Треба во локалните заедници затоа што ние знаеме кои села или кој дел е засаден. И тие се во право, но без опрашување ништо не се прави. Постојат закони, но истите не се почитуваат. Овошјето и зеленчукот треба да се испрскаат после 6-7 часот. Инспекторатот треба да биде поактивен, треба да предупредуваат и да ставаат известувања во локалните заедници – рече Реџеп Мусаи, пчелар.

Случаи на масовно труење на пчели секоја недела се пријавуваат во полиција, но во отсуство на соодветен закон за нивна заштита, ниту полицијата ниту Министерството за земјоделство не ги надоместуваат штетите што им се нанесуваат на пчеларите во Полошко.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button