ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Илми Селами за пописот: „Вкупното население ги вклучува и резидентните и нерезидентите жители“

Во емисијата „Патот кон“ на Алсат, заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами, изјави дека нема потреба од дилеми. Вкупното население ги вклучува и резидентните и нерезидентите жители. Според Селами и дијаспората е дел од процентите. За хакерски напади врз интернет платформите на статистика, гостите наведоа дека имаат за цел да го нарушат процесот и оти ги изведуваат добро организирани групи внатре во државава.

„Постојат три категории што ќе бидат регистрирани во овој попис. Резидентното население регистрирано во Република Северна Македонија, со потекло, како живее и работи во Северна Македонија, нерезидентното население, тоа се луѓе кои се родени и израснати во странство, но родени во РСМ, со државјанство живеат и работат во дијаспората. На крај, третата категорија од вкупно попишаното население, што е прва категорија жители плус нерезиденти, попишаното вкупно население од каде што ќе се земе и процент од вкупното население“, вели Илми Селами, Заменик-директор на Заводот за статистика.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button