СВЕТ

Илон Маск ослободен од обвинението во САД дека во 2018 година со твит ги измамил инвеститорите во „Тесла“

Илон Маск ослободен од обвинението во САД дека во 2018 година со твит ги измамил инвеститорите во „Тесла“

Основачот на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, е ослободен од обвинението за измама на инвеститори поради твит во кој во 2018 година напиша дека обезбедил средства за целосна приватизација на компанијата, по што инвеститорите го тужеа.

На судењето за наводна измама на инвеститорите, обвинителите побараа отштета од една милијарда долари од Маск, кој ја бранеше неговата слобода слободно да твита.

Маск, наводно, се соочил со колективна тужба во име на акционерите на „Тесла“ кои тврделе дека ги довел во заблуда со своите најави од 7 август 2018 година, бидејќи предложеното откупување од 72 милијарди долари никогаш не се реализирало.

Маск на Твитер напиша дека размислува да ја преземе сопственоста на „Тесла“ по цена од 429 долари по акција, што претставува премија од околу 23 отсто во однос на претходниот ден и изјави дека за ова се обезбедени средства. Маск беше обвинет дека лажел кога подоцна истиот ден напишал дека „поддршката од инвеститорите е потврдена“.

По твитот на Маск, акциите нагло скокнаа, за набрзо да паднат, бидејќи стана јасно дека купувањето на „Тесла“ нема да се случи. Доколку поротата во Сан Франциско го прогласеше Маск за одговорен во петокот, можеше да му се наложи да плати отштета од милијарди долари./МИА/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button