ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Империја- се бара заплена на имот од 4 милиони евра

Империја- се бара заплена на имот од 4 милиони евра

Денеска почна судскиот процес против бизнисмените Цветан Панделески, Зоранчо Митровски и брокерот Јованчо Тасковски за случајот „Империја“. Тие се обвинети за сторени повеќе кривични дела како злоупотреба на службената положба, перење пари и измама. Обвинителката Лиле Стефановска побара на обвинетите да им се одземе имот во вкупна вредност од 4 милиони и 700 илјади евра. Според неа, има многу докази со кои ќе ја докаже вината на тројцата обвинети.

„Прво и второосомничениот а сега осудено лице, во периодот од мај до август 2013 година, како соизвршители, ги користеле овластувањата како три одговорни лица – членови на Управниот одбор на правното лице и застапници на основна главнина. Тие заедно, по прелиминарниот договор, со умисла потпомогнати од сведок – соработник на правдата, а сега осудено лице во овој случај, имаат остварено противправна имотна корист во износ од 4 милиони евра за три правни лица, на штета на правно лице и 150 помали акционери. За прикривање на делото, прво и второпријавениот средствата ги префрлиле парите на тековна сметка на друго правно лице“, рече Лиле Стефанова, обвинителка.

Бизнисменот Зоранчо Митревски, сопственик на фирмата „Езимит“ се изјасни за виновен за сите кривични дела. Од друга страна, сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделески, пред судот рече дека не се чувствува виновен и дека воопшто не го разбира обвинението.

„Не можам да го разберам обвинението, не се чувствувам виновен. Со оглед на тоа дека многу адвокати и правници не можат да го разберат, не очекувајте јас како економист да го разберам. Таму пишува за прелиминарни договори, за кои не е забележан настанот, времето и местото“,  додаде Цветан Панделески, обвинет.

Брокерот Јованчо Тасовски, пак, побара од судијата 10-минутна пауза за да се консултира со адвокатот дали ќе ја признае вината или не, но и по паузата се врати неопределен, барајќи одложување на судската седница. Рече дека и да ја признае вината, нема финансиски средства да ги покрие трошоците на судската постапка, па затоа му треба време.

Од вкупно 19 лица кои беа дел од предистражната постапка, пред судот се појавија само овие тројца. За дел од лицата во предистражна постапка, меѓу другите, имаше пресуди врз основа на спогодби со обвинителството.

Меѓу договорите беше и оној на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој ја призна вината и се спогоди со обвинителството за организиран криминал и корупција, со што беше осуден на 3 години затвор и принуден да плати 6,1 милиони. Договор направи и бизнисменот Орце Камчев кој е осуден на 1 година затвор и обврзан преку УЈП да плати 5,2 милиони евра./Алсат.мк

Ардит Рамадани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button