ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Имунизацијата на населението е ставена во мирување поради верскиот празник

Денешниот верски празник го прекина процесот на имунизација против Ковид 19. Во арената А1 во Скопје, процесот на вакцинација нема да се одвива три дена по ред, додека во сабота имунизацијата ќе се одвива во здравствените домови во Скопје за повторно да паузира во недела. Две недели вакцинацијата се спроведува со намалена динамика и дури 1000-2000 граѓани се вакцинираат во текот на денот со првата доза. Главно се прави ревакцинација на оние кои биле имунизирани со првата доза. Во меѓувреме, нема нови информации за пристигнување на 500.000 дози на „Синовак“, што требаше да пристигнат пред две недели. Од Министертвото за здравство не коментираат дали се очекува наскоро да пристигнат кинеските вакцини, како и руските вакцини „Спутник В“.

„Министерството за здравство навремено ќе ја информира јавноста за секоја нова пратка со вакцини што пристигнуваат во нашата земја. Во моментов има доволно вакцини за да се продолжи процесот на вакцинација без речки“, велат од Министерство за здравство.

Пред еден ден, 5.834 граѓани биле вакцинирани со првата доза, додека вкупно 7.720 биле вакцинирани со втората доза. Досега се дадени вкупно 473.853 дози вакцини, а 199.143 граѓани се вакцинирани со две дози. Најавите на надлежните беа дека во еден ден ќе се вакцинираат околу 15.000 граѓани и до крајот на летото ќе се постигне колективен имунитет, односно околу 70% од населението ќе биде имунизирано.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button