ВЕСТИРЕГИОН

Индија ѝ донираше вакцини на Албанија

Во Албанија пристигна пратка од 50.000 дози вакцини од „АстраЗенека“, донација од Индија.

Вакцините ќе бидат дистрибуирани во сите здравствени домови и центри за масовна вакцинација, за да се продолжи со имунизацијата на населението постаро од 60 години, рече министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу.

Во Албанија неделава треба да пристигнат вкупно над 200 илјади дози вакцини. Кога ќе пристигнат тие ќе почне вакцинацијата за вработените во јавниот превоз, најпрво на оние во воздушниот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button