КОШАРКАСПОРТ

Индијана Пејсерс со победа ја започна финалната серија

Индијана Пејсерс со победа го почна големото НБА-финале против Оклахома Сити тандер, и тоа на гостински терен со 110-111. Херој на мечот повторно беше плејмејкерот Халибуртон, кој ги постигна клучните поени со шут што на 0,3 секунди до крајот заврши на вистинското место, замолкнувајќи ги присутните во арената во Оклахома Сити.

Advertisements

Домашниот тим има за што да жали ако се знае дека имаше контрола над резултатот во текот на целиот меч. Оклахома ја доби првата четвртина со 29-20. Тандер имаше „плус 15“ на девет минути до крајот, потоа и пет поени предност на една минута пред завршетокот, но и тоа се покажа недоволно.

Индијана успеа да се врати, а откако Гилџус Александер го промаши последниот шут за домаќините топката дојде кај Халибуртон, кој мајсторски реализира.

Гилџус беше прв стрелец на мечот со 38 поени, но тоа малку му вредеше, Сиакам ги предводеше стрелците на Индијана со 18, додека херојот Халибуртон немаше предобра шутерска вечер, реализираше скромни за него 14 поени и 6 асистенции, но она што е најважно – погоди кога беше најпотребно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button