СВЕТ
Индонезија: Најмалку 10 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето
Најмалку десет лица загинаа во поројните поплави и лизгање на земјиштето што ги погодија ридските села на главниот индонезиски остров Јава, соопштија денеска официјални лица.
Две лица се уште се водат како исчезнати, пренесува АП.
Обилните дождови предизвикаа излевање на реките од нивните корита во изминатата недела, зафатувајќи повеќе од 170 села во областа Сукабуми во провинцијата Западна Јава, додека калта, камењата и дрвјата се урнаа во планинските села, изјави за агенцијата полициски претставник што ја води спасувачката операција.