ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инфлацијата ќе расте, но нема да ја доведе земјава во рецесија

Следниот месец ќе се знае дали ќе има повторно зголемување на основната каматна стапка, од која зависат и каматните стапки на кредитите на граѓаните. На осмата истражувачка конференција гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежовска потенцираше дека во следниот период ќе се скенира монетарната политика, по што ќе се одлучува дали и какви мерки ќе се носат за ублажување на инфлацијата.НБРМ пред две недели ја зголеми каматната стапка за 0,25 процентни поени, но засега банките немаат направено корекција на каматите на кредитите.

„Во тек се нови макроеконосмки проекции во кои што правиме целосна детална оценка за сите сегменти во економијата не само на економскиот раст и инфлацијата. Очекуваме тоа да биде на средината на следниот месец повторно ќе ја преиспитуваме монетарната политика. Во овие времиња непходно е будно да ја преиспитуваме монетарната политика на континуирана основа а нашата позиција каква ќе биде , како ќе реагираме и со кои инструменти ќе зависи од сите најнови податоци кои ќе ги имаме на располагање“, вели Бежовска.

Растот на инфлацијата се очекува да продолжи како кај нас така и во глобалната економија но тоа нема да ја доведе земјава во рецесија вели Бежовска, затоа на краток рок Владата треба да носи мерки за помош. Од Европската инвестициска банка земјава ќе добие 100 милиони евра кои ќе треба да се користат за точно утврдени цели.

„Европската инвестициска банка планира да даде поддршка и за земјите од Западниот Балкан. Покрај финансирањето на изградбата на посигурни и разновидни енергетски мрежи, му помагаме на регионот и да ја зголеми отпорноста кон климатските промени, како и да развие нови одржливи проекти во рамките“, вели Лилјана Павлова, потпретседателката на ЕИБ.

Во врска со преговорите кои пред една недела ги имаше министерот за финсии Фатмир Бесими и гувернерката со ММФ за заем, Бежовска не потенцираше колку земјава ќе се задолжи и каде ќе се трошат парите бидејќи тоа е во рацете на фискалната политика.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button