ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Инфлацијата скокна, НБРМ ја ревидираше од 2,2% на 3,1%

Инфлацијата до крајот на оваа година ќе достигне 3,1 процент. Народната банка ја ревидираше стапката на инфлација, од последните априлски проекции кога се очекуваше инфлација од 2,2 проценти. Растот на инфлацијата се должи на цените на храната и енергенсите на светско ниво, кои се очекуваат да се стабилизираат по Нова Година.

„За оваа година проектираме дека инфлацијата ќе се задржи на умерено ниво од 3,1 процент, наспроти претходните очекувања од 2,2 проценти. За наредната година проектираме намалување на стапката на инфлација на 2,4 проценти. Ризиците за инфлацијата главно се поврзани со неизвесноста на светските цени, пред сè на енергенсите, како и со подолготрајни нарушувања на глобалните синџири на снабдување“, рече Анита Ангеловска- Бежовска-Гувернерка НБ.

Народната банка ја остави на исто ниво проекцијата за годишен раст на БДП од 3,9 проценти, како и во априлските проекции. Очекувањата се дека во 2022 година економијата ќе закрепне од ковид-кризата.

„Ние за нашата економија предвидуваме побавно закрепнување, сепак 3,9 проценти би рекле дека е солиден раст, но раст коишто не нè враќа на преткризното ниво оваа година, туку наредната година кога очекуваме да го достигнеме и да го престигнеме преткризното ниво“, додава Гувернерката.

Од НБРМ велат дека земјава има финансиска стабилност, бидејќи има високо ниво на државни резерви од износ од 3,6 милијарди евра и стабилност на денарот.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button