МАКЕДОНИЈА

Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“: Владата да ѝ ги одземе надлежностите на ЕЛЕМ Турс

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ бара од Владата да ѝ ги одземе надлежностите на ЕЛЕМ Турс, да се одобри деталниот урбанистички план и да се среди паркирањето во ски-центарот. Според Иницијативата, досегашните доцнења на инвестициите се однесуваат на ЕЛЕМ, кој е во минус од 75 милиони денари, предизвикани од другите туристички места со кои управува, но кои не се рентабилни. Од иницијативата наведуваат дека доколку властите не реагираат на барањата, ќе протестираат со блокирање на патишта.

„Сè ќе се види на следната седница на Владата, ако го земат во предвид она што го побаравме, бидејќи тоа зависи од многу министерства, сектори, од целата Влада и од таму ќе дојде насоката што ќе ја преземеме, дали ќе продолжиме со различни притисоци, со протести или ќе ја поддржиме оваа работна група“, рече Хамди Сулејмани, Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button