ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инспекторите од утре ќе ги контролираат маржите на училишниот прибор

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од утре ќе бидат на терен за да ги контролираат трговците дали постапиле во согласност со одлуката на Владата за ограничување на маржите на училишниот прибор.

Директорот на ДПИ, Горан Трајковски, во објава на својот фејсбук-профил вели дека инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности што произлегуваат од владината одлука, а според Законот за трговија.

„Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало“, вели Трајковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button