ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Институциите еден месец молчат за заплена на еден тон дрога на скопскиот аеродром, вели Ковачки

Застрашувачки е молкот на институциите за скандалот со 1 тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром пред еден месец, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Како што додава тој, молкот на МВР, Царина и Обвинителство говори дека институциите се обидуваат овој скандал да го заташкаат и прикријат.

„Институциите не демантираа ниту дека дрогата била натоварена и спроведувана со возила на царината со ротациски светла. Институциите не демантираа дека царинскиот службеник кој бил директно поврзан со овој скандал ја променил изјавата од тоа дека добил усна наредба да не ја проверува стоката, во тоа – дека не добил наредба. Институциите не демантираа дека во царина имало вонредни состаноци како да се заташка ваквиот скандал , ниту пак беше демантирано дека биле вршени притисоци врз вработените да молчат“, вели Ковачки.

„Да потсетиме, во Македонија за само неколку месеци се случи скандал со доделување на официјални македонски пасоши на странски нарко мафијаши, се случи пробиената акција “Планина“ и се случи скандал со пратка на марихуана во близина на Прилеп во која беа фатени близок човек на семејството Заеви и началник на прилепската полиција“, додава Ковачки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button