СПОРТФУДБАЛ

Интер, 3 недели без Дензел Дамфрис и Стефан де Фрај

Дензел Дамфрис и Стефан де Фрај, ќе бидат надвор од терените поради повреди на мускулот. Тие ќе паузираат околу 20 дена, пренесува „Скај Спорт Италија“. Холандските фудбалери се повредија во неделната победа над Наполи (0-3) во Серија А.

„Стефан де Фрај и Дензел Думфрис ги поминаа медицинските прегледи по повредите што ги добија во неделата вечерта“, објави Интер, откривајќи дека станува збор за повреди на мускулот.

Марко Арнаутовиќ, кој го повреди прстот на натпреварот со Наполи, следните неколку натпревари на Интер ќе ги игра со помагало, но ќе биде на располагање.

Се очекува Алесандро Бастони да се врати во игра за миланскиот гигант за саботниот меч со Удинезе, додека Бењамин Павар останува надвор од терените најмалку уште две недели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button