Интер има проблем со гостувањата на почетокот на оваа сезона. Италијанскиот шампион не победи и на вториот меч на гости, па дури и се спасуваше од пораз против Монца играјќи 1-1.
Двата гола беа постигнати во последните десет минути. Дани Мота во 81.минута донесе водство за Монца, па Интер мораше да спасува бод. Во 88.минута, Дензел Дамфрис успеа да постигне гол за израмнување и на Интер му обезбеди реми од ова гостување.
Наполи заигра според вкусот на Антонио Конте и на фановите на клубот. Тимот од Неапол славеше со 0-4 на гости против Калјари и врза три победи во низа, па во моментот со девет бода е на првата позиција на табелата.
Џовани ди Лоренцо во 18.минута го отвори резултатот, на асистенција на Лукаку. Квича Кварацкелија во 66.минута зголеми на 0-2, а само четири минути подоцна и Ромелу Лукаку ја погоди мрежата на противникот.Алесандро Бонџорно во судиското продолжение го потврди убедливиот триумф на „наполитанците“.