ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Интересот за отворање бизниси од жени намален поради пандемијата

Над 17 илјади жени останале без работа поради кризата предизвикана од Ковид-19. Интересот за основање на сопствен бизнис воден од жени е намален бидејќи женското претприемништво најчесто е поврзано со дејности кои поради пандемијата беа затворени велат од Здружението на бизнис жени во Македонија. Неформалните бројки говорат дека околу 30 проценти од бизнисите се основани од жени, но нема официјален статистички број за тоа колкава точната бројка.

„Состојбата на жената е на стаклени нози затоа што воопшто економијата и она ние што сакаме да го работиме е зајакнување на жената економски но во моментов е на многу паднато ниво особено сега во кризата. Жените имаат проблем во основањето, водењето и секојдневните активности во бизнисите зошто сеуште имаат поголем товар во фамилијата и водењето на бизнис во исто време“, рече Валентина Дисоска, Претседателка на Здружение на бизнис жени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button