ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Интерпелацијата на Спасовски на дневен ред во Собранието

Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е последна на дневен ред меѓу 24-те точки во продолжението на 39-та седница која треба да се одржи денеска во Собранието. Интерпелацијата поднесена од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, е примена во Собранието на 24 февруари.

Имено таа е последна точка од денешната 39 собраниска седница од која се останати уште 24 точки.

Вкупно 12 пратеници од коалицијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива бараат одговорност од Спасовски по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и наводното бегство на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button