СВЕТ

Инцидент во Јордан, загинаа 10 лица при истекување на токсичен гас

Инцидент во Јордан, загинаа 10 лица при истекување на токсичен гас

Резервоар полн со отровен гас хлор паднал од кран при истовар во јорданското пристаниште Акаба. Резервоарот се скршил и од него експлодира отровен гас.

Несреќата е снимена од надзорните камери. Локалните медиуми јавија дека во несреќата загинале 10 лица, а 251 лице се повредени.

Властите веднаш ги повикаа жителите да ги затворат сите прозорци и да останат дома.

На снимката од надзорната камера се гледа како резервоарот паѓа од кранот, се распарчува, а потоа жолтиот гас се шири како гром додека луѓето бегаат.

Цивилната заштита соопштила дека на местото на настанот биле испратени специјално обучени тимови, а во Акаба биле испратени авиони за евакуација. И јорданскиот премиер Бишер ал-Касаунех е на пат кон пристанишниот град.

Премиерот, јави државната телевизија, формирал и истражен тим за да утврди како дошло до несреќата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button