ВЕСТИРЕГИОН

Инциденти за време на подготовките за избори на северот на Косово

Неколку инциденти се случија вчера во Зубин Поток и Северна Митровица, општини со српско мнозинство на северот на Косово, соопшти косовската полиција. Полицијата тврди дека „маскирани лица и групи ги оштетиле канцелариите на општинските изборни комисии на северот на Косово“, користејќи „опасни средства, вклучително и рачни бомби од југословенско производство“.

Полицијата ја придружуваше Централната изборна комисија на Косово на барање на Комисијата, со цел да и помогне во подготовките за одржување локални избори во општините на северот на земјата. Станува збор за подготовка на избори во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, кои се закажани за 18 декември. Полицијата соопшти дека немало повредени, но дека биле „демолирани канцелариите на општинската изборна комисија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button