Инцидентот на аердромот ги судри политичките партии
Инцидентот на аердромот ги судри политичките партии
Опозициската ДУИ оценува дека е скандалозна инволвираноста на обезбедувањето на претседателот на Собранието во инцидентот со претседателката на Косово, Вјоса Осман. Според нив, полицијата која го обезбедува првиот човек на Собранието нема безбедносни овластувања на аеродромот. Самиот лидер на ДУИ Али Ахмети на социјалните мрежи изјави дека се чувствува засрамен од оваа ситуација.
„Скандалозна е и инволвираноста на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието Африм Гаши во инцидентот, продлабочувајќи го истиот, без никаква надлежност, без да биде повикан и без право и гласно говори за мизерната и вазална состојба во која е нелегитимното албанско претставување во моноетничката влада“, велат од Демократска унија за интеграција.
ВЛЕН одговори на обвинувањата на ДУИ, опишувајќи ги како пропаганда и тенденција за оцрнување на Република Косово.
„Како ВЛЕН, ја изразуваме нашата загриженост за тоа како една политичка партија во Македонија, поточно ДУИ, користи лаги и манипулации во обид да му наштети само на ВЛЕН, без да се грижи за последиците што може да ги донесе за Косово. МВР и државата немаат надлежност за безбедноста на аеродромот, но тоа е во надлежност на концесионерот, во случајов ТАВ. Според Виенската конвенција, државните лидери имаат посебен третман за време на патувањето, но деталите од безбедносните протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот“, реагираа од Коалиција ВЛЕН.
Од СДСМ оценуваат дека молкот на МВР не е случаен. Според нив, Панче Тошковски се обидува да го сокрие случајот.
Либерално-демократската партија побара дополнително објаснување како обезбедувањето на претседателот на Собранието реагирала во ваквата ситуација, додавајќи дека поради ваквата состојба се загрозени животите на граѓаните и воздушната безбедност./Алсат.мк
Адриан Керими