СПОРТФУДБАЛ

Инзаги: Имаше фаул над Санчез, и после тоа примивме гол

По поразот во дербито со Милан, тренерот на Интер, Симоне Инзаги во интервјуто за ,,DAZN,, посочи дека Санчез беше фаулиран пред Милан да постигне гол.

„Ова е фудбал. Доминиравме во натпреварот, но не успеавме да го постигнеме вториот гол. Голот на ремито не направи нервозни, вториот гол дојде од индивидуални разлики.

Болно е да се загуби вака, но мора да бидеме јасни бидејќи доминиравме 70 минути. Потоа го примивме тој чуден гол, момците станаа нервозни затоа што имаше прекршок за слободен удар по стартот над Санчез.

Не е тоа единствен проблем. Ме загрижува фактот дека имаше пад на играта. Не сакам да го видам повторно. За жал, во таа акција, каде што мислам дека Санчез не падна сам, примивме гол,, изјави Инзаги.

 

Следниот натпревар за Интер е во вторник, против екипата на Хозе Мурињо, екипата на Рома, на стадионот ,,Сан Сиро,,

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button