СПОРТФУДБАЛ

Инзаги: Заслуживме повеќе, барем според она што го прикажавме

Симоне Инзаги смета дека Интер треба да го гледа на настапот против Ливерпул како почетна точка која предвидува подобра иднина во Лигата на Шампионите. Головите кои ги постигнаа Роберто Фирмино и Мохамед Салах му зададоа тежок удар на Интер во првиот натпревар, но Инзаги забележа позитивни работи од овој пораз.

,,Се надеваме дека нема да се соочиме со Ливерпул на секој натпревар!“, рече Инзаги, насмеан по натпреварот.

Среќен сум и горд на тимот, за жал во нашиот најдобар период од играта не бевме наградени со заслужениот гол, потоа Ливерпул постигна гол во првиот момент на деконцентрација.

Секако дека заслуживме повеќе, но овој настап треба да навести подобра иднина за она што следува.

Ливерпул е еден од двата најдобри тима во Европа според мене, а Интер се покажа како добар и заслужи повеќе.

Знаеме дека овие вечери можат да бидат такви, но тоа треба да ни даде поттик за самодовербата, бидејќи тоа беше одлично шоу“, изјави на крајот поранешниот тренер на Лацио.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button