СВЕТ

Иран призна дека разговара со Саудиска Арабија

Иран за прв пат потврди дека разговара со Саудиска Арабија, наведувајќи дека намалувањето на напнатоста во Персискиот Залив е во интерес на двете земји и на регионот.

„Имаше разговори и тие беа за билатерални и регионални прашања“, рекоа од иранското Министерство за надворешни работи. Ирачкиот претседател Бархам Салих на 5 мај потврди дека неговата земја организирала најмалку две рунди разговори меѓу ирански и саудиски претставници.

Разговорите, кои, наводно, се одржале во Багдад минатиот месец, ја означуваат првата средба на високо ниво меѓу двете страни откако Ријад ги прекина дипломатските врски со Техеран во 2016 година. Сунитската власт во Саудиска Арабија и шиитското мнозинство во Иран се во долгогодишно ривалство што влијаеше на конфликтите низ целиот регион, од Јемен до Сирија. Сепак, саудиските и иранските власти неодамна го омекнаа својот јазик и рекоа дека се подготвени за помирување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button