ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Исчезна од дневниот ред без никакво образложение, Предлог законот на Министерството за правда за матичната евиденција, кој предвидува промена на полот само со лична карта

Владиниот Предлог закон за матична евиденција, кој предвидува промена на полот само со лична карта, исчезна од дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем. Новинарите немаа можност да ги слушнат причините за повлекување на Законот. Пратениците на мнозинството не беа подготвени да разговараат за тоа што планираат да направат со овој Предлог закон, што опозицијата гласно го оспорува. Заменик координаторот Диме Велковски, по обидите за разговор со претставници на СДСМ, рече дека Предлог законот не е повлечен, но не е ставен на дневен ред на денешната седница. ВМРО ДПМНЕ е против Законот за матична евиденција, бидејќи, како што велат, со тоа секој може да го смени полот во личните документи, без да даде релевантни докази.

Категорично се спротивставува и опозицијата од редовите на Албанците, која вели дека со Предлог законот за матична евиденција, концептот на семејството губи тежина.

„Би сакал да се повлече и никогаш да не се врати. Ние како политички субјект сметаме дека нашиот национален и семеен систем на функционирање треба да биде пред сè и над се. И кршењето, уривањето на семејните вредности е онаму каде што се вели дека семејство освен мајка и татко е некој со ист пол.“

Два од спорните членови на Законот се членовите 19 – б и 19 – в, за кои за промена на полот, лицето нема да има потреба да доставува докази за операција и соодветна терапија, туку само копија од лична карта од него лично или од кое било друго овластено лице.

MEfail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button