МАКЕДОНИЈА

Ислами: Особеноста на Рамазан е и аспект на хуманизмот

Теологот Ислам Ислами, говорејќи за важноста на месецот Рамазан, рече дека специфика за овој месец, покрај постот, е и прашањето на хуманизмот. Тој порача дека муслиманскиот верник не треба да јаде и пие додека неговиот сосед нема што да јаде за ифтар.

„Овој месец се истакнува уште повеќе со прашањето за хуманизмот. Само оној што гладува помислува на оној кој не може да јаде за ифтар. Во времето на постот, сите муслимани се еднакви. Нема богатство или сиромаштија, сите се исти, со една цел, тоа ја покажува хуманоста на исламската религија. Во месецот на постот муслиманските верници се должни да им помагаат и на сиромашните. Верникот не смее да има храна и пијалок во својата куќа, додека неговиот сосед нема ништо – рече Ислами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button